ЦУК: Одрон и помали свлечишта од Глумово до Карпалак и Групчин
Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопштија од ЦУК.
Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.
Ги молиме возачите за стрпливост.
Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвууват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.
Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…