ЦУК: Тешко проодни патишта кон Тетово, Гостивар, Охрид и Дебар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) рано утрово информираше за тешко проодни патни правци поради интензивни снежни врнежи и нагло влошување на временските услови.
Како тешко проодни се наведуваат:
Скопје – Тетово;
Тетово – Гостивар;
Маврово – Дебар;
Кичево – Охрид;
Козјак – Скопје;
како и повеќе регионални патишта во западниот дел на земјата.
На бројот за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат.
ЦУК ги повикува граѓаните да возат внимателно, да ги следат препораките на надлежните служби и да користат зимска опрема.
Поради снежна покривка на коловозот, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) од 21:00 часот на 2 јануари 2026 година воведе задолжителна употреба на ланци за снег за сите возила на потегот Лисец – Попова Шапка.
Мерката е задолжителна поради стрмните делници и острите кривини на превојот, каде што непочитувањето често предизвикува блокади и застои. Полициските контроли ќе бидат засилени, особено поради зголемената фреквенција на возила во празничниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…
Вкупно 20 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…
Вкупно 22 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…
До 13 часот денеска на територијата на…