Цуцуловски: Се поизвесно е дека Уставот ќе се менува – тоа би било прилог повеќе во демонтирањето на македонската држава
За професорот Љубомир Цуцуловски се поизвесно е дека Уставот ќе се менува. Според него, тоа е прилог повеќе во демонтирањето на македонската држава.
„СЀ ПОИЗВЕСНО е дека Уставот ќе се менува. Прво, за да се зацврсти двојазичноста во Државата, така што службената употреба на албанскиот јазик нема да биде поврзана/условена со одреден процент. Второ, за таа „услуга“ албанските партии ќе овозможат друга „услуга“/промена – влегување на т.н. бугарско малцинство во Уставот. Наредниот чекор би м о ж е л да биде во следново. Ако албанскиот јазик може да се вметне во Уставот, независно од бројноста на етничката заедница, зошто тоа да не се примени и со бугарската заедница и јазик? Затоа и се инсистира официјалната употреба на јазикот да не биде поврзана со проценти. Нелогично, безобразно и неприлично? Се согласувам! Меѓутоа, таква е (за жал) логиката на повеќето македонски партии. Наедно, тоа би било прилог повеќе во демонтирањето на Македонската Држава, пат по кој одамна се оди“, пишува Цуцуловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…
Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…