Чавушоглу: Загриженоста на Турција за Финска и Шведска е оправдана
Турција има легитимни безбедносни грижи поради поддршката на Шведска и Финска за „терористичките организации, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, повторувајќи го ставот на Анкара дека се противи на пристапувањето на двете нордиски земји во НАТО.
Во кусите забелешки пред средбата со американскиот колега Ентони Блинкен во Њујорк, Чавушоглу повтори дека Анкара ги разбира безбедносните грижи на Шведска и Финска, но,исто така, нагласи дека треба да се реши и загриженоста на Турција, пренесуваат британските медиуми.
Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара не може да прифати проширување на Алијансата, а да ја загрози безбедноста на Турција. Тој ги обвинува Шведска и Финска дека го поддржуваат тероризмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…