“Части” народ: Двојазичноста за две години нè чинела 200.000 евра!

t

Двојазичноста не чини 200.000 евра за две години, велат од политичката партија Левица.

-При насилничкото носење на т.н Закон за двојазичност, Венецијанската Комисија предупреди дека Законот оди предалеку, наметнувајќи нереални законски обврски на институциите, особено во судството каде се наложуваат тешки и СКАПИ обврски со високи глоби во случај на непочитување на двојазичноста.

Во мислењето е истакнато дека имплементацијата на Законот би значело неефикасен и бавен судски систем, со што сериозно ќе се наруши правото на правично судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Податоците покажуваат дека двојазичноста од година во година станува се поскапа. Само во последните две години, исплатени се огромни суми пари за преведувачки услуги, за разни софтвери и надградби на софтвери за превод од македонски на албански и обратно.

На пример:

Агенцијата за примена на јазикот во 2021 година се подновила со софтвер-електронски толковен речник за превод на зборови од македонски на албански и обратно во вредност од 6.199.200,00 денари или преку 100.000 евра, а веќе следната 2022 година склучила договор за надградба на софтверот во вредност од 1.050.000 денари или преку 17.000 евра;

Министерството за правда бележи трикратно зголемување на трошоците за преведувачки услуги, од 1.534.000 денари во 2021 година на рекордни 4.499.340 денари во 2022 година или приближно од 25.000 евра на 73.200 евра;

Министерството за животна средина бележи седумкратно зголемување на трошокот за набавка на преведувачки услуги од 200.000 денари во 2021 година на 1.500.000 денари во 2022 година или приближно од 3.300 евра на рекордни 24.400 евра;

Министерството за финансии има објавено податоци за 2022 година кога бил склучен договор за преведувачки услуги во вредност од 1.416.000 денари или над 23.000 евра;

Управата за финансиско разузнавање до 2021 година користела услуги само за превод од македонски на англиски и обратно во вредност од 150.000 денари, но, во 2022 година биле додадени и услугите за превод од македонски на албански и обратно, па трошокот за превод пораснал за дури четири пати или во вкупна вредност од 600.000 денари.

Ова е само еден мал сегмент од двојазичноста. Ако се земат во предвид и трошоците за објава на огласи во печатени македонски и албански медиуми одделно, за лични документи, за промена на табли на институции, униформи, банкноти и др., грабежот наречен двојазичност добива уште поголеми размери.

Ваква неевропска практика не може да се сретне на европското тло, освен во Босна и Херцеговина. Криминалната влада на СДС и ДУИ целосно го игнорираше мислењето на Венецијанската комисија и повторно се стави во служба на етно-трибализмот на амнестираната ДУИ.- велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…

(Видео) Апасиев: Предлагаме граѓански устав со НАЦИОНАЛНА…

Нека си направи и Бугарија Рамковен договор,…

Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!

Мојата генерација ќе го врати уставното име…

(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…

- Албанската полиитчка елита во Македонија е…