Чекај нè Европо: Тетово без најава остана 6 часа без вода за пиење!

t

Цело Тетово 6 часа немаше вода за пиење. Водата секна изутринава пред 9 часот, а попладнево околу 14 часот етапно се снабдуваат со вода сите тетовски населби. За околу еден час состојбата со водоснабдувањето ќе се нормализира, велат од ЈКП Тетово за “Слободен печат“.

Граѓаните револтирани. Велат дека не е првпат да останат без капка вода за пиење, но проблемот е што воопшто не бевме информирани за рестрикцијата.

,,Кога има рестрикции во водоснабдувањето, најчето на официјалната Фејсбук страница на ЈКП Тетово ќе има напишано некоја информација дека ќе има рестрикции и ќе се кажат кои се причините. Сега денес иако се работи за недостиг со вода за пиење во целиот град, ЈКП Тетово не соопшти никаква информација. Сепак треба да знаеме да се подготвивме, револтирано сме, ем нема вода, ем не кажуваат”, вели една жителка од населбата блок 70 во Тетово.

Од ЈКП Тетово, информираа дека прекинот во водоснабдувањето, се должи поради замена на стара и дотраена водоводна цефка во градот, која е практивно делница каде се спојува стариот и новиот водоводен систем. Не ги информирале граѓаните за прекинот да не се се дига паника, оти мислеле дека активностите ќе завршат за пократко време, но работата се одолжила.

,,Денешните прекини во водоснабдувањето беа поради замена на цефковод, кој беше дотраен на потегот од улицата Илиндеска се до Страшо Пинџур. Заради активностите, односно приклучување на нова цефка на самиот градски систем, ние моравме да го затвориме целиот систем. Започнавме утринава да ја приклучуваме цефката, таа е голема со ФИ-90 димензија. Ние мислевме дека ќе завршиме брзо, но испаднаа некои непредвидливи работи, затоа и не ги информиравме граѓаните дека нема да има вода, за да не се дигне паника и да не се вознемируваат, истакна за „Слободен печат“ Лулзим Шаќири, раководител на Секторот Водовод и Канализација при ЈКП Тетово.

Дополни дека водата во текот на денот за кратко ќе ја има во сите тетовски населби, откако ќе се наполни градскиот водовод со доволно количини на вода, која ќе се пушта етапно во сите делови од градот, кој моментално се снабдува со 360 литри вода во секудна, доволна за потребите на тетовци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Нема повредени во пукањето во Тетово

Ниту едно лице не е повредено во…

ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА: АТЕНТАТ ВО ТЕТОВО!

Вечерва имаше пукање во Тетово, а полицијата…

Уште една трагедија во Македонија: Едно лице…

Поради излетување од коловозната лента маж на…

Во Тетово формирана коалицијата „Европски фронт“ на…

Претседателите на четири политички партии денеска во…

МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го…

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со…