Објавено на:

Чекор поблизу до ЕП: Македонија рутински го надигра Луксембург!

t

Машката ракометна репрезентација на Македонија оствари планирана победа на гостувањето кај Луксембург, иако домаќинот пружи силен отпор, па победата, конечно, беше изразена со резултат 28-23.

Оној триумф од плус 14 (38-24) од есенскиот, прв меч меѓу двете репрезентации бргу падна во заборав, бидејќи Луксембуржаните го отворија натпреварот агресивно, храбро и со очигледна намера за што подобар резултат. имаа водство од 3-1, потоа и од 6-4, поттикнати од расположениот голман Мика Херман. Сепак, некаде по 10. минута почна првата напаѓачка криза на нашиот противник и траеше, речиси, осум минути.

Сепак, тоа не значеше дека и не продолжија да се бранат пристојно, па Македонија постигна само три врзани гола, доволно за да го презеде водството. Иако се играше гол за гол уште некој период, сепак, Македонија направи уште една серија од 3-0, користејќи главно игра преку пикер и откако првпат се одлепи на плус три, во соблекувалната замина со 14-12.

Филип Талески со четири гола беше најистакнат стрелец на Македонија во овој период, а прво име кај Луксембург беше голманот Херман со девет одбрани. На почетокот на вториот дел, Луксембург десетина минути држеше приклучок, се доближи и на 16-17, но потоа Македонија почна да гради разлика. Марко Кизиќ, кој уште на половина од првиот дел го замени Никола Митревски продолжи да брани одлично, па следните 10 минути беа најдобрите на Македонија, поради што во 50. минута имавме највисоки 25-18.

До крајот домаќините ја ублажија предноста, главно поради наши грешки и исклучувања, но Македонија, сепак, освои два бода со кои само теорија може да ја тргне од листата патници на ЕП 2024.. Талески остана најефикасен со осум погодоци, по четири имаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, а Кизиќ заврши со 10 интервенции. Неговиот колега од спротивниот табор броеше до 13, но Кизиќ имаше поголем процент на успешност (43,4%). Последниотмеч од квалификацииве го играме со Турција во „Борис Трајковски“ в недела од 18 часот.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…

Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…