Чепна кај што не треба: МВР во координација со јавен обвинител ќе го гони Виктор Стојанов за закани и омаловажување на полициски службеник

t

Во текот на вчерашниот ден, Бугаринот Виктор Стојанов на социјалната мрежа Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној кој ќе го открие идентитетот на полицискиот службеник кој вчера ги приведе Бугарите кои напаѓаа македонски полицајци на граничниот премин Деве Баир.

Подоцна Виктор Стојанов ја избриша објавата велејќи дека Фејсбук сам ја отстранил, но можеби и не е така.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Стојанов ќе биде соодветно гонет за закани и омаловажување на полциискиот службеник.

– Во координација со јавен обвинител ќе бидат преземени сите мерки во врска со заканите и омаловажувањето на македонски полцииски службеник од страна на државјанин на Р. бугарија, В.С во врска со вчерашниот настан на граничниот премин Деве Баир, велат од МВР.

Во продолжение избришаниот Фејсбук статус на Стојанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…