Чернобил вода да ни носи: Вардариште сѐ уште гори
Се уште е активен пожарот во депонијата Вардариште во општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари: во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово.
Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар).
За случајот со Вардариште, иако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина и кои завршија во 30-дневен притвор, а обвинителството отвори истрага, депонијата повторно чади. Попладнево нов протест. Граѓаните бараат решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во Чернобил: Засега нема…
Во областа околу Чернобил избувна голем пожар…
(Видео) Волците од Чернобил стануваат отпорни на…
Четириесет години по катастрофалната експлозија на реакторот…
Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето…
Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење…
Хаварија во Украина: Нуклеарната електрана Запорожје остана…
Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека…
Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе…
Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје…