Хаварија во Украина: Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација
Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот руски напад биле оштетени енергетски објекти во Запорожје, а десет населби останале без струја.
Таа на Телеграм истакна дека одржала итен состанок со министерот за внатрешни работи, вршителот на должноста министер за енергетика и раководствата на државните енергетски компании за обнова по нападите.
Итните служби работат на воспоставување привремено напојување, а активирани се генератори за обезбедување на водоснабдувањето.
Нуклеарната електрана Запорожје повторно доби надворешно напојување по неколкучасовен прекин, откако автоматските системи за заштита исклучиле двата далековода, а резервните дизел генератори одржувале основни операции. Причината за прекинот се уште се истражува.
Свириденко предупреди дека поради обновата ќе има повеќе планирани и вонредни прекини на струја низ целата земја.
Зеленски: Цел на нападите беа енергетските објекти
Претседателот Зеленски изјави дека главни цели на рускиот напад биле енергетските објекти. Масовни удари со дронови и ракети биле извршени во повеќе региони, вклучувајќи Киев, Дњепропетровск, Чернихив, Запорожје, Одеса, Лавов, Волин и Николаев. Во нападите е погодена и зградата на главната железничка станица во Фастив.
Тој истакна дека нападот бил бесмислен од воена гледна точка, а Русите требало тоа да го сфатат. Во нападите биле користени повеќе од 650 дронови и 51 ракета, вклучувајќи аеробалистички и балистички, со број на повредени. Зеленски побара дополнителна меѓународна поддршка и ефективни санкции.
МААЕ: Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…