Честитка од Гаши по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август – Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава.
– Дозволете ми да ви го честитам големиот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многи радости во вашите семејства. Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани. Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други, се вели во честитката.
Живееме во времиња во кои, како што наведува, мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители.
-Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Тоа сите треба да се трудиме да биде составен дел и од нашата иднина. Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица, вели во честитката претседателот на Собранието Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остра порака од Сеул до Киев: Јужнокорејскиот…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг упати остри критики…
Грчки митрополит и научниците: Договорот за Цар…
Базиликата Свети Ахил во Мала Преспа каде…
Каранфилова – Пановска: Фон дер Лајен потврди…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од…
Лидерите на Г7 договорија координирано ослободување на…
Ќе има ли амфибиска операција на САД…
Амфибиската група „Макин Ајленд“, со 13-тата експедициска…