Честитка од Претседателот Пендаровски по повод Свети Сава

t

Претседателот Пендаровски им го честита на припадниците на српската заедница во Македонија празникот Свети Сава.

Во продолжение честитката од Претседателот:

“Почитувани сограѓани од српска националност,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава и да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење.

Почитувани,

Посакувам мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански…

МОН со честитка за 21 Февруари –…

„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој…

Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна…

Траги-комично: Пошта ја испорача новогодишната честитка за…

Пошта ја испорача новогодишната честитка за патениците…

Мајка со дете влегла во реката Сава,…

Во моментов во Загреб се води голема…