Честитка од руската амбасада: На нашите македонски браќа срдечно им го честитаме нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј
Од руската амбасада во Македонија утрово објавија честитка до македонскиот народ по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.
-На нашите македонски браќа срдечно им го честитаме нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенските просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенските литератури!
Оваа година е јубилејна: познато е дека словенската азбука е создадена во 863 година, а во 2023 година се навршуваат 1060 години.
„Дали Словените имаат азбука? Учењето без азбука и без книги е како да пишувате разговор на вода“ (Св. Кирил) – објавија од Амбасадата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…