Честички: Кумановската полиција евиденираше прекршоци и инциденти на прославата на Денот на албанското знаме

t

Кумановската полиција привела дваесетгодишен жител на Липково поради непочитување на наредби, изрекла 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една од Закон за возачка дозвола, во текот на вчерашниот ден при прославата на Денот на албанското знаме, соопшти денеска СВР Куманово.

Инаку, вчера на градскиот плоштад со пригодна културно – уметничка програма, беше одбележан Денот на албанското знаме, во организација на здружението „Недела на албанската култура” – Куманово, со поддршка на Општината.

На манифестацијата учествуваа средношколци од општинските училишта, кои следат настава на албански јазик и познати музички интерпретатори. Локалните власти, меѓу кои градоначалникот Максим Димитриевски го честитаа денот кој првин помина со богата културна програма.

Дел од граѓаните подоцна сведочеа за искршени ретровизори на паркирани автомобили. Во текот на вечера Димитриевски со статус на социјалните мрежи го осуди ваквото однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…