Четворица Полјаци приведени кај воени магацини во Тетово, тројца со четирицикли избегале

t

На 28 септември 2026 година во 18:24 часот, Воената полиција на Армијата на Република Северна Македонија пријавила во СВР Тетово дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде што се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот.

Војниците кои биле на стража на местото задржале четири лица, сите државјани на Полска – Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36).

Во меѓувреме, други три лица кои биле со четирицикли успеале да побегнат.

Четворицата Полјаци биле лишени од слобода поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „Неовластено влегување во воени објекти“.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица. По целосното документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…

Спроти вториот круг од изборите за седмиот…

Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…

Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…

Синдикатите на средношколците и на студентите во…

Тирана повторно во хаос: Молотови коктели врз…

Деветнаесетти ден од протестите во Албанија донесе…

АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…

АЛТА банка Битола би можела да добие…