Објавено на:

Четворица уапсени во Германија: Планирале киднапирање на министерот за здравство

t

Германската полиција уапсила четири германски државјани осомничени дека планирале киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах и уништување инфраструктурни објекти за да се предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија во земјата, пренесува Гардијан.

Се смета дека двајца од главните осомничени се договориле со останатите да извршат напад врз сојузниот министер за здравство, соопшти денеска портпаролот на Обвинителството во Кобленц, потврдувајќи ги информациите што ги соопшти јавниот сервис „А-Ер-Де”.

Осомничените биле приведени со текот на оваа седмица, а поврзани со организации што протестирале против Ковид-19 мкерките, како и со екстремно десничарското движење „Рајхсбургер” што го негира постоењето модерна германска држава.

Тие меѓусебно комуницирале преку Интернет во група насловена „Обединети патриоти” со намера „да предизвикаат ситуација што наликува на граѓанска војна и на крај да го соборат демократскиот систем во Германија”.

Полицијата вчера направила претрес во 20 станбени објекти во неколку сојузни држави, запленувајќи повеќе парчиња оружје, муниција и готовина во евра и друга валута, како и златни прачки и сребрени кованици. Исто така пронајдени биле фалсификувани потврди за вакцинираност и ковид-тестови, соопштено е од Обвинителството.

Побаран е судски налог за апсење на четворицата приведени, додека петто осомничено лице се уште е на слобода.

Заверата за киднапирање на Лаутербах е последен во серијата инциденти поради строгите ограничувања за невакцинираните против коронавирусот и предлогот за прогласување задолжителна имунизација. Во декември полицијата осуети завера за планови за убиство на премиерот на сојузната држава Саксонија во источна Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…