Четири години функционерите од СДСМ вмешани во огромни афeри и скaндали, нема cудска рaзрешница иако се поднесени kривични пријaви

t

На денешната трибина „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“ која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, говореше портпаролот Димче Арсовски кој што истакна неколку крупни афери во изминатите четири години на функционери од СДСМ како случајот „Рекет“ случајот со Ден Дончев, Лидија Димова, Драги Рашковски кои што немаат никаква судска завршница иако се поднесени кривични пријави.

– Како што знаете буквално изминативе четири години од самиот момент на доаѓање на власт на СДСМ, па се до денес најголемиот дел од аферите кои што ги извадивме нема никаква завршница, со поднесени кривични пријави, значи не се само тоа афери кои што се извадени во јавност туку и се поднесени кривични пријави бидејќи сите веруваме дека еден ден Македонија може да биде правна држава која што навистина ќе ја носи правдата, истакна Арсовски.

Портпаролот Димче Арсовски истакна неколку крупни афери и скандали на функционери од СДСМ изминативе години кои што немаат никаква судска разрешница.

– Би сакал да потсетам на неколку крупни работи, случајот „Рекет“ вистинските нарачатели како и главата на рекетот се уште не се во затвор, тоа знаеме сите кои се на Илинденска бб, Владата, случајот со Ден Дончев исто така рекет човекот кој што јавно на социјалните мрежи го видовме каде што тој многу лагано и лагодно комфорно си зема купчиња пари, си ги става во својата торбица се уште нема никаква разрешница. Напротив човекот не само што не е тука присутен во правосудните простории на судот, туку според нашите информации веќе и е отселен чинам во Австралија заедно со фамилијата, нагласи Арсовски.

Арсовски потсети и за скандалите и аферите за функционерите на СДСМ во изминатите четири години како случајот со Фондот за иновации и случајот Драги Рашковски.

– Фондот за иновации каде што за цели четири години се сменија тројца директори, практично кој како доаѓа се повеќе и повеќе краде, се повеќе и повеќе излегуваат афери за случаеви каде што се делат по 50 илјади евра за пица, која што е далеку позната во светот, оние случаеви на грантови од 11 милиони евра во 2018 година каде што ги поделија на свои високи функционери од СДСМ, каде што исто така нема разрешница, потоа директорката Лидија Димова која што беше во националната агенција за мобилност и европски фондови каде што се даваа на фризерница пари за едукативни грантови се даваа грантови за тренирање магариња се уште нема никаква разрешница од обвинителството и судот напротив сега таа бара оштета од институцијата што е навистина смешно. Случајот со Драги Рашковски каде што целата јавност ја навредува интелигенцијата со оние изјави дека неговите деца замислете 300 илјади евра собрале на мекици и за родендени што е навистина смешно и само ја покажува забеганоста на оваа гарнитура на СДСМ. Сите овие случаеви се заташкани од страна на власта и има обид да бидат ставени во фиока за да не го видат лицето на правдата и никогаш никој да не одговара за целиот овој криминал кој што го имаат правено и се уште го прават, но набрзо ќе биде прекинат по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, заклучи Арсовски.

– За целиот овој криминал кој што го правеле СДСМ, најпозитивната работа е што ќе имаат и добро потковани адвокати, кои можеби нема да им наплатат за нивните услуги што тогаш ќе ги бранат за кривичните дела бидејќи изминатиов период навистина добро наплатиле од државните институции по основ на паушали, истакна Арсовски.

Немаат никаква обврска од тие институции од каде што земале прилично сериозна сума на пари кои се незамисливи за обичниот народ.

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева која е и претседател на форумот на жени на СДСМ, е долгогодишен адвокат која е добро позната на јавноста, патем, со тоа реноме можеби и влезе во политиката. Истата таа госпоѓа која секојдневно говори насекаде дека Македонија треба да почива на столбот на правдата и да биде правна држава, е основач на друштвото „ДЕЛЕГЕ”, каде што има и партнерка. Истото тоа адвокатско друштво, изминативе две и пол до три години инкасирало 55.000 евра по основ на паушали од пет државни институции. Петте државни институции се раководени од кадри на СДСМ. МОН, таму беше Мила Царовска во тоа време, потоа таму каде што беше Лидија Димова за европски фондови и мобилност, Агенцијата за странски инвестиции, за енергетика и студентскиот центар каде што беше Дарио Николовски, исто така нивни близок човек до СДСМ. И замислете, еден човек одел на три позиции и си го ангажирал истово друштво, никој не може да ми каже дека е случајно и дека тука нема никаква ургенција од страна на Калеска-Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и…

„Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија…

Раскол во партијата: Тепачка во месен комитет…

Почнаа тепачките за пратенички листи, ама буквално...…

(Видео) Обидот на ДПМНЕ да се пресмета…

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја искористи трагедијата со…

СДСМ е најтранспарентна партија во Македонија според…

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот…