Објавено на:

Четири европски земји наскори би можеле да ја признаат Палестина

t

RTE News синоќа објави дека се интензивираат разговорите меѓу Даблин, Мадрид, Љубљана и Ла Валета за потенцијалното заедничко признавање на палестинската државност.

Ирската телевизија тврди дека тие земји чекаат гласање на Генералното собрание на Обединетите нации на 10 мај, што може да резултира со отворање на патот на Палестина за членство во организацијата.

Четирите земји во заедничката изјава на 22 март соопштија дека се договориле за првиот чекор кон признавањето на Палестина.

Шпанија и Ирска долго време се застапници на палестинските права. Оваа иницијатива доаѓа во време кога меѓународната заедница повикува на прекин на огнот и долгорочно решение за мир во регионот поради големиот број цивили убиени во израелската офанзива на Газа.

Од 1988 година, палестинската држава е призната од 139 од 193 членки на Обединетите нации.

Израел тврди дека планот на четирите европски земји е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали шансите за мировни преговори во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен скопјанец: Од Германија му пратиле пиштол…

Одземени се 30 грама дрога и пиштол…

Прогласена е петдневна жалост во Иран: Назначен…

Иранскиот лидер и духовен водач, ајатолахот Али…

ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и…

Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот…

Прв трофеј за РК Алкалоид откако го…

Екипата на Алкалоид го освои својот прв…

Мицотакис постави црвени линии за соседите: Македонија…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчкиот…