Чеферин: Катар ќе биде одличен домаќин, но не сакам во иднина зимски светски првенства

t

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази уверување дека Катар ќе биде одличен домаќин на Мундијалот што почнува в недела, но осврнувајќи се на нетипичниот термин истакна оти се противи во иднина светските првенства да се одржуваа во зима.

Сигурен сум дека Светското првенство ќе биде одлично организирано. Катарците се прекрасни домаќини и организатори, но доколку ме прашувате за во иднина никако не сум тоа да се одржува во зимски месеци, изјави Чеферин за словенечките медиуми.

Првиот човек на УЕФА изрази надеж некоја од европските репрезентации учесници на Мундијалот во Катар ќе ја освои светската титула.

Се надевам дека барем една европска земја ќе игра во финалето и оти европска земја ќе биде шампион, рече Чеферин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…