Објавено на:

Чеферин: УЕФА не е монопол, клубовите може да си направат свои натпреварувања, но…

t

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин уште еднаш одговараше на прашања поврзани со Суперлигата.

Тој вели дека УЕФА не е монопол како што некои обвинуваат, само што екипите што ќе излезат не можат да играат во натпреварувањата на УЕФА.

Запрашан дали зборувал со клубовите кои сакаа да формираат Суперлига откако таа пропадна, Чеферин одговори:

„Со Ањели не сум имал контакт, со Перез се сретнавме и го почитувавме протоколот. УЕФА не е моја сопственост, па седевме блиску еден до друг во финалето од Лигата на шампионите во Париз и му честитав“.

„УЕФА не е монопол. Клубовите можат да одлучат дали ќе бидат во натпреварувањата или не, дали ќе играат во нашите натпреварувања или ќе си организираат сопствени. Но ако играат во некои нивни, не може да играат и во нашите, нели е тоа логично?“.

„Суперлигата е мртов проект бидејќи никој не сака да биде дел од тоа. Гледам само тројца луѓе кои се лути со сите други и сите ги тужат, но тоа е завршена работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со…

Парична казна во износ од 33.000 евра,…

Руската фудбалска федерација се повлекува од УЕФА,…

Руската фудбалска федерација во вторник официјално ќе…

УЕФА го казни Фенербахче бидејќи навивачите скандирале…

УЕФА изрече казната за турскиот фудбалски клуб…

УЕФА казни албански клуб: Ќе платат 50.000…

УЕФА го казни Љапа поради истакнување на…

Чеферин: УЕФА не е монопол, клубовите може…

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин уште еднаш…