Чешка го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО
Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО.
Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово.
Сенатот гласаше „за” претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан.
Со децении Финска и Шведска одбиваа да бараат членство во НАТО алијансата.
Сепак, руската инвазија на Украина го промени тоа бидејќи огромното мнозинство луѓе во двете земји сметаат дека членството е клучно за нивната безбедност.
Сите 30 земји-членки на НАТО треба да го ратификуваат предложеното проширување.
Досега, вклучително и Чешка, зелено светло дадоа 24 земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…