Објавено на:

Чешкиот претседател: Американските разузнавачки служби се избрукаа – по трет пат прават катастрофална грешка

t

Американските разузнавачки служби по трет пат во последните неколку децении се ужасно засрамени, овојпат со прогнозата за почетокот на војната во Украина, изјави чешкиот претседател Милош Земан.

„Пред неколку дена реков дека, според мое мислење, нема да има војна во Украина, бидејќи Русите не се луди да се вклучат во операција што ќе им нанесе повеќе штета отколку корист“, рече тој во интервју за онлајн издание на „Иднес“.

Тој потсетува дека Американците направија толку голема грешка прво во Ирак бидејќи не успеаја да најдат оружје за масовно уништување, а потоа и во Авганистан кога Вашингтон тврдеше дека Талибанците (организација под санкции на ОН за терористички активности) никогаш нема да стигнат до Кабул.

„И Украина е трет пат“, додаде тој.

Да потсетиме, западните медиуми, на чело со американските и британските, изминатиов месец секојдневно објавуваат шпекулации за датумот на почетокот на руската инвазија на Украина.

Британски „Сан“ пишува, повикувајќи се на американските разузнавачи, дека нападот ќе започне на 16 февруари во три часот по полноќ, а „Политико“ дека претседателот Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор со западните партнери рекол дека датумот е 16 февруари кога започна инвазијата.

„Блумберг“ тврдеше дека нападот ќе се случи ден претходно.
Ништо од тоа не се оствари, а Москва ја повика Британија да се извини за лагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е…

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон…

Борел: Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро…

Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро би…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

Кинескиот премиер: Америка и Кина треба да…

Кинескиот премиер Ли Џианг за време на…