Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот
Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата „Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.
Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови. Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.
-Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните загреани извори, научниците открија бездна длабока 100 метри. На неговото дно, го пронашле езерото, кое е долго 138 метри, со широчина од 42 метри а може да собере 8.335 кубни метри топла вода, објави албанската државна агенција АТА.
Во регионот Вромонер, на албанската страна на границата, научниците во 2021 година наишле на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапирале детално.
Тие велат дека сега знаат дека околните топли извори се со вода од подземно езеро.
„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, изјавил членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…
(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…