Чистка: Путин смени четворица заменици министри во одбрана
Промените продолжуваат во Министерството за одбрана на Русија. Рускиот лидер Владимир Путин разреши четворица заменици министри за одбрана: Николај Панков, Руслан Чаликов, Татјана Шевцова и Павел Попов. На нивно место беа поставени Леонид Горнин, Ана Цивиљева и Павел Фрадков.
„Министерот за одбрана на Руската Федерација, Андреј Белоусов, одржа средба со првиот заменик Руслан Чаликов, разрешен со Указ на претседателот на Руската Федерација, замениците Николај Панков, Павло Попов и Татјана Шевцов, при што им се заблагодари за нивната долгогодишна одговорна работа и им посака успех во нивната понатамошна работа“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Првиот заменик министер за одбрана Леонид Горнин досега ја извршуваше функцијата заменик министер за финансии. На чело на фондот за поддршка на учесниците во специјалната воена операција „Бранител на татковината“ беше Ана Цивиљева, додека Павел Фрадков работеше во претседателската администрација.
Според новиот указ на претседателот на Русија, министерот за одбрана на Русија ќе има 12 заменици, во претходниот кабинет на Сергеј Шојгу имало 11.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…