Објавено на:

Чичко Дончо: Срце ми плаче кога гледам дека Вардар нема каде да тренира, а некој игра фудбал по канцеларии

t

Најдобриот стрелец во историјата на најголемиот македонски клуб, тренерот кој го освои Купот на СФРЈ во црвено-црниот дрес, па како тренер ја донесе и шампионската титула од бивша Југославија, Андон Дончевски, првиот македонски селектор порача дека е нехумано сѐ што му се прави на неговиот Вардар, кој преживува тешки моменти со беспарица и во Втората лига, каде се бори за да ја врати старата слава со враќање во македонската елита.

Дончевски беше познат мотиватор, кој великаните од македонската историја и хероите од националната борба ги користеше за дополнително да ги мотивира фудбалерите и како тренер на Вардар, а потоа и како македонски селектор. Но, тешко му е да говори за Вардар откако црвено-црните заглавија во тешка ситуација оставени фудбалерите и стручниот штаб сами да се снаоѓаат да го спасуваат Вардар, кој секогаш бил локомотивата на македонскиот фудбал.

„Јадно е ова што се случува со Вардар, плаче и не престанува срцето за Вардар. Една величина која играла Европа од Данфермлајн до Порто, па сѐ до групната фаза во Лига Европа со Чеде Јаневски, сега да се соочува со оваа ситуација. Недозволиво е за Македонија, без оглед кој е на власт, со Вардар да се однесува вака нехумано! Не е само Вардар во прашање – Македонија е во прашање. На Вардар педигрето во Македонија никој го нема и уште 100 години да поминат нема да го стигнат. Катастрофа! Вардар дојде во ситуација за која човек не ни помислувал дека ќе се случи и мува не ги лази луѓето за да му се помогне на Вардар. Се помага на човек кога се дави, а не кога плива добро. Таму некои се жалеле зашто на Вардар да му се помогне, требало и на другите, ама никој не е како Вардар“, вели легендарниот Дончевски, во интервју за македонскиот јавен сервис МТВ.

Вардар во моментов е само на име, грб, стручен штаб и фудбалери кои играат бесплатно. Без терен, набркан и од својот дом…

„Некои играат фудбал по канцеларии, а Вардар нема каде да тренира? Срамота! Греота е за тие фудбалери да нема каде да тренираат, да нема каде чајќе да се напијат. Да не знаат каде ќе играат, а да не зборувам за некои премии, бонуси, плати… Тие што се надлежни – греота е ова. Моја желба е Вардар и Македонија да одат напред. Вардар бил и мора да биде локомотива на македонскиот фудбал, мора да го влече македонскиот фудбал нагоре“, додава Дончевски.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…

Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…

Путин: Влегувањето на европски војници на украинска…

Влегувањето на европски војници на украинска територија…