Членките на ЕУ откажуваат послушност: Унгарија нема да се откаже од руските енергенси
На Унгарија се уште и се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи на САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Оваа недела европската дипломатија „работи со полн капацитет“, напиша Орбан на Фејсбук, осврнувајќи се на вчерашната средба на лидерите на Вишеградската група со британскиот премиер Борис Џонсон, неговите денешни разговори со тројца европски шефови на држави и претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и утрешниот состанок на Европскиот совет во Париз.
-Напорите се фокусирани на создавање мир… мораме да ја вложиме потребната енергија и да ги разгледаме економските последици, рече Орбан.
Тој посочи дека санкциите воведени кон Русија веќе создаваат сериозни последиците кои би можеле да станат страшни доколку се прошират и на увозот на руска нафта и гас.
Унгарија би била особено погодена, бидејќи 85 отсто од гасот во земјата и 64 отсто од нејзината нафта се увезуваат од Русија, а околу 85 отсто од унгарските домаќинства користат гас како примарен извор на енергија, предупреди Орбан. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…