Објавено на:

Членките на НАТО се загрижени за Орбан: „Војната ја нарекува воена операција“

t

Амбасадорите на земјите од НАТО во Унгарија се сретнаа во Будимпешта на предлог на американскиот пратеник за да разговараат за „загриженоста“ за врските што Унгарија ги одржува со Русија и покрај војната во Украина.

Националистичкиот премиер Виктор Орбан во вторникот во Пекинг се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого Западот ги прекина сите врски.

Тоа беше главна тема на состанокот, изјави за АФП портпаролот на американската амбасада. На состанокот учествуваше и Шведска, кандидат за членство во НАТО.

„Сите сме загрижени што унгарскиот премиер се сретна со претседателот Путин додека Русија е во војна со Украина“, рече амбасадорот Дејвид Пресман, одговарајќи на прашање на Радио Слободна Европа.

„Загрижувачки е тоа што Унгарија одлучи да соработува со Кремљ на овој начин“, рече тој, критикувајќи го Виктор Орбан што наместо зборот „војна“ го користи терминот „воена операција“. „Ќе ги информираме нашите сојузници за нашите безбедносни грижи“ доколку е потребно, додаде Пресман.

Тој уште во вторникот го прекори унгарскиот премиер дека е „со човекот чии сили се одговорни за злосторствата против човештвото во Украина“, во порака на X (поранешен Твитер).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјални платформи да ги бришат видеата што…

„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги…

„Шест недели нема објавен извештај за водата…

Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…

Македонија го има едно од најголемите наоѓалишта…

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…

Хегсет: САД не ја исклучуваат употребата на…

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави…

Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…

„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…