Објавено на:

Човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на висорамнината Љубаш

t

Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Нашите пожарникари од рано утринава се на терен и интервенираа на четири локации. Благодарение на брзата интервенција пожарите се локализирани и изгаснати. Според првичните информации, човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на четирите места на висорамнината. Се работи на терен за утврдување на точниот причинител, истовремено се контролира целиот терен, нагласуваат од Противпожарната единица.

Оттаму упатуваат апел за внимателност до сите, со цел превентивно да се влијае и да се спречи појавата на пожари. Особено во услови на многу топло време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…