Човечноста е над сѐ, браво за возачите! Македонци и Грци кои му помогнаа на српско семејство чие возило се запалило

t

Српско семејство на пат од грчкото приморје доживеало вистинска драма која лесно множела да премине во трагедија доколку не им помогнале други возачи кои ја забележале нивната неволја на автопатот.

-Респект за другарите на автопатот, Македонци и Грци се здружија за да ни помогнат да го изгаснат автомобилот кој се запали на враќање од море, напиша на Фејсбук страницата „Грчка инфо“ Кристина Марковиќ Радиќ.

Откако возилото на ова семејство од Србија е изгаснато, жената објави уште еден пост каде ја објасни ситуацијата во која се нашле.

-Сите сме добро. Скокнавме од автомобилот во движење заедно со децата. Пламенот се распали, а не ни скокна на помош, ќе експлодираше автомобилот. Професионалните возачи веднаш реагираа. Три големи боци беа потребни за да се изгаси. Не можам да ја опишам брзината и вештината на тие прекрасни луѓе, не им ги знам ниту имињата, додаде жената покрај фотографиите кои сведочат за настанот и возачката пожртвуваност да се помогне во неволја на патот.

Објавите на Кристина предизвикаа позитивни реакции од корисниците на социјалните мрежи кои го пофалија гестот на солидарност на патот меѓу учесниците во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…