Шарени цветчиња за прославата на денот на Општина Карпош
По повод роденденот на Општина Карпош, денешното есенско сонце ги огреа малите шарени цветчиња кои продефилираа низ Општината. Разиграните цветчиња и широките весели насмевки, беа дел од денешната традиционална манифестација ,,Цветно дефиле’’, која се одржа во дворот на ООУ ,,Лазо Трповски”.
Со богата музичка програма, детската манифестација, го одбележа 47-от роденден на локалната самоуправа. Во присуство на градоначалникот Стевчо Јакимовски и делегации од збратимените општини, започна роденденската забава со звуците на детската музика. Првиот човек на Општината, Јакимовски со задоволство ги поздрави шарените цветчињи и им пренесе убави пораки.
-Ова есенско сонце секоја година грее и ни го разубавува овој празничен ден, бидејќи вие сте дел од секој роденден. Вие сте иднината на оваа Општина, потенцијалот лежи во вас. Ви посакувам безгрижно да растете, вредно да учите, и да се градите како примерни граѓани на оваа локална заедница и на државата – истакна Јакимовски.
Учениците од основните училишта и од градинките дојдоа да ја честитаат годишнината на Општина Карпош. Тие маршираа по улиците на Карпош, со заеднички пораки за мир, соживот и свест за екологијата. Среќен роденден Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манијак во Карпош – следел и допирал…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
Народот што го чува својот јазик и…
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека народот кој…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…