Шаќири се пофали: Септемвриската плата на наставниците ќе биде со историско покачување
Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти, информираат од МОН.
-Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.
Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.
Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина, велат од министерството.
Министерот Шаќири денеска потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…
Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…