Шведска ги yкина сите eпидемиолошки мерки
Шведска денеска ги укина сите епидемиолошки мерки, вклучително и масовно тестирање за вирусот, дури и кај луѓето кои покажуваат симптоми на инфекција.
„Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани“, рече шефот на шведската агенција за јавно здравје, Карин Тегмарк Вајзел, пренесува агенцијата АП.
Од денеска, само здравствените работници и негувателите на старите лица и оние кои се најзагрозени ќе имаат право на бесплатно PCR тестирање доколку имаат симптоми на вирусот, додека од другите ќе се бара да останат дома доколку се сомневаат дека имаат коронавирус.
Антигенските тестови сè уште ќе можат да се купат во супермаркетите и аптеките, но тие луѓе нема да се пријават кај здравствените власти, пренесува Танјуг.
Исто така, приватните здравствени установи можат да вршат тестови и да издаваат потврди за меѓународно патување на граѓаните, но на свој трошок.
Високите стапки на вакцинација во Шведска создаваат оптимизам кај здравствените службеници, а студијата направена во 2020 година и нејзините резултати објавени во вторникот покажаа дека 85 отсто од примероците содржеле антитела.
Предавачот на Медицинскиот факултет на Универзитетот Ектер во Велика Британија, д-р Барат Панканија, рече дека со значителен процент вакцинирани луѓе, може да се верува дека информираното и образовано население се изолира ако има симптоми на коронавирус.
Шведска, исто така, ги укина ограничувањата за бројот на луѓе собрани на настани или ресторани, како и сертификатите за ковид, од полноќ, а работното време на баровите и рестораните е исто како и пред пандемијата.
Минатата недела премиерката Магдалена Андерсон рече дека пандемијата не е завршена, туку дека е влезена во нова фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Шведска усвои закон за мигранти — кој…
Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…
Шведска пресретна два руски борбени авиони
До ова дошло во два наврати во…
Од таблети и лаптопи шведското образование повторно…
Шведскиот образовен систем прави значаен пресврт по…