Објавено на:

Шведска го вклучи црвениот аларм: Руски воени авиони влегле во нивниот воздушен простор – Се проширува ли конфликтот на европска територија?

t

Руски воен авион накратко го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти шведската војска.

Авионот АН-30 претходната вечер прво бил источно од данскиот балтички остров Борнхолм, а потоа долетал на шведска територија.

Тој накратко го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.

Шведски борбени авиони го следеа инцидентот и го фотографираа рускиот авион. Четири руски борбени авиони накратко го нарушија шведскиот воздушен простор и на почетокот на март.

Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО откако кон крајот на февруари започна руската инвазија на Украина, поради што Русија неколкупати ги предупреди.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…