Шест жени претепани од своите партнери за Нова година
На 31.12.2023 во 13.00 часот во гостиварско село полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2023 во 21.10 часот 38 годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 31.12.2023 во 23.45 часот било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27- годишна сопруга. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во н.Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 00.50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 02.00 часот во СВР Скопје, 41 годишна жена пријавила дека на 31.12.2023 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…