Шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити омилениот началник, Наум Рамука, велат од СДСМ

t

МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта. Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши, ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин, велат од СДСМ.

„За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе. Ова е брука и срамота. Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе, а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука. Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност“, тврдат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…