Објавено на:

Шефот на Вагнер до Макрон: Ќе ти ги извадиме забите од таа злобна уста со клешти

t

Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер, пак распалува со своите коментари на социјалните мрежи. Овојпат тие се упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон и кон француските војници кои се присутни во Централна Африка, пишува Политико.

Според Пригожин, Русите спасуваат животи во централна Африка, за разлика од француските војници кои се исмеваат со нив.

– Можеме да им ги извадиме скапаните заби од тие лоши усти со клешти. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и, генерално, на сите што истураат патогени нечистотии (за Вагнер) – се закани Пригожин.

Претходно, во вторникот, француските пратеници ја повикаа ЕУ да го стави Вагнер на листата на терористички групи и да донесе повеќе укази со кои ќе оневозможи Вагнер да се финансира во Европа.

ЕУ исто така воведе санкции лично за Евгениј Пригожин.

– Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист … за да се дестабилизираат институциите – изјави за Политико Бенџамин Хадад, европратеник од партијата Ренесанса на Макрон, пред гласањето во вторник.

Во меѓувреме Вагнер сѐ уште чекаат на оружјето кое Кремљ им го вети за да ја продолжат својата офанзива во клучниот град Бахмут во Украина. Пригожин не ги штедеше своите зборови ниту за Владимир Путин нарекувајќи го „тотално ѓубре“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата…

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески…

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…