Шефот на македонската дипломатија го осуди убиството на косовскиот полицаец
Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи најостро го осуди денешното пукање на сeверот на Косово во кое еден полицаец е убиен, а двајца се повредени.
„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, напиша Османи.
Еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање денес наутро на подрачјето на Звечан, на северот на Косово, потврди косовската полиција денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…