Шилегов ќе пaдне на Дино Мерлин? – Антиkopyпциска бара kpивична за ланската прослава на плоштадот во Скопје

t

Антикорупциска, бара кривична пријава за ланската новогодишна прослава на плоштадот Македонија, на која свој настап имаше пејачот Дино Мерлин.

Според наодите на ДКСК прекршен бил Законот за јавни набавки, а Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот без да спроведе постапка за јавна набавка, туку бил распишан јавен оглас за организација на прославата за Нова година.

Новогодишната прослава во Скопје ги чинела граѓаните околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се исплатени директно од градскиот буџет.

По своите наоди Антикорупциска ќе достави кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ќе бара да се отвори постапка за одговорност од Градот Скопје.
Дали Шилегов лично ќе одговара останува да видиме како ќе тече постапката.

Антикорупционерот Горан Трпеновски на на 58-та седница на Комисијата, посочи дека ова произлегло од проверката на тендерите на институциите за јавна набавка на техничка поддршка, по сопствена иницијатива на ДКСК.

– Со ваквата постапка МКЦ постапил спротивно на член 6 од договорот што го склучил меѓу МКЦ и Град Скопје за регулирање на правата и обврските по основ на учество за исплатата на активностите поврзани за дочекот на Новата година, за кои бил должен да спроведе постапка за јавна набавка, појасни Трпеновски.

Иако, посочи Трпеновски, МКЦ во своето образложение се повикува на исклучоците од Законот за јавни набавки, сепак исклучокот не се однесува за набавка на техничка опрема и за ова требало да се спроведе постапка за јавна набавка.

– Хонорарот од околу 84 илјади евра за настап на пејачот Дино Мерлин е обезбеден од приватни спонзори, а не од буџетот на Градот Скопје и тој не влегува во сумата платена за организација на прославата, изјави Трепеновски.

Според Трпеновски, ДКСК постапувајќи по анонимна пријава, за тоа дека една иста фирма во последните десет години добила 41 тендер од државни институции за техничка поддршка на Младински културен центар, Национална опера и балет, Макфест, Универзална сала, Македонска филхармонија, Охридско лето и други институции, од целокупната документација сепак не констатирала конкретни злоупотреби во постапките за јавни набавки.

– Имајќи предвид за недореченостите во јавните набавки во ситуацијата и анализата за овие десет години како ДКСК ќе препорачаме до сите државни институции да купат ваква опрема со што јавните установи ќе го зголемат својот капацитет и способност за организирање на овие настани, а со што на долг рок би заштедиле и средства, отколку да наплаќаат за изнајмување на опрема, изјави Трпеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Несудената дипломатка Ејупи сега под истрага за…

Според она што беше објавено во некои…

Командирот славел за купување на противпожарна скала:…

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…