Шкупи им се закани на сопствените навивачи: Кој ќе пали факели ќе биде избркан и – казнет!
Управата на Шкупи подолг период води своевидна војна со сопствените навивачи или со барем дел од нив, а во прилог на ова е и денешното клупско соопштение во кое има и закани за санкции за сите што ќе ги прекршат законските норми предвидени за еден спортски настан.
Чаирчани им се заканија на фановите што ќе палат експлозивни материи во стадионот дека ќе бидат избркани од него, но и дополнително гонети.
„Ве замолуваме да не се носат забранети и експлозивни материи и тие да не се палат во стадионот. Во наредниот период со сите сили ќе се бориме против оние кои сакаат клубот да биде казнет, оние кои не се од нас, а се однесуваат како да се наши, оние кои се алатка за потребите на другите и оние кои сакаат клубот да биде оштетен. Тоа ќе го сториме со заострување на безбедносните мерки во рамките на законот, со поддршка на полицијата, па тие да се избркаат од стадионот, никогаш повеќе да не влезат и да бидат казнети. Дополнително, по натпреварот, оние кои го прават ова ќе бидат идентификувани преку безбедносните камери и против нив ќе бидат преземени дејствија пред надлежните органи“, се вели во дел од соопштението на Шкупи.
Екипата од Чаир следниот домашен меч ќе го одигра в недела, кога ќе го пречека тимот на Тиквеш (14 часот).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…