ШОК ПО ДВЕ СМРТОНОСНИ ПУКАЊА: ICE итно ги стопираше сообраќајните контроли низ цела Америка!
Американската Служба за имиграција и царина (ICE) донесе одлука привремено да ги прекине сообраќајните запирања низ целата земја, откако во рок од само шест дена нејзини агенти смртно застрелаа две лица во одвоени инциденти во Тексас и Мејн. Одлуката е донесена додека се проверува дали службениците постапувале согласно пропишаните безбедносни процедури.
Директорот на ICE, Том Хоман, изјави дека станува збор за привремена мерка чија цел е темелно да се преиспита начинот на кој агентите ги спроведуваат ваквите операции и дали во целост ги почитуваат утврдените протоколи при извршување на службените задачи.
Иако американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) потврди дека двете жртви престојувале нелегално во САД, официјални претставници истакнаа дека ниту едно од лицата не било директна цел на имиграциските акции или постапките за депортација.
До овој момент не се објавени видеоснимки од двата инцидента, а федералните власти сè уште немаат презентирано докази дека жртвите претставувале непосредна закана што би ја оправдала употребата на смртоносна сила.
Последниот инцидент се случил во крајбрежниот град Бидефорд, во американската сојузна држава Мејн, каде агент на ICE смртно застрелал колумбиски државјанин за време на сообраќајно запирање. Настанот предизвика силни реакции кај локалното население, а во градот беа организирани протести кои продолжија и во текот на следниот ден.
Според интерни податоци на ICE, до кои дошол „Ројтерс“, бројот на апсења во државата Мејн значително се зголемил во последниот период. Од почетокот на јуни бројката пораснала повеќе од четирикратно, достигнувајќи околу 70 апсења дневно на почетокот на јули.
Том Хоман нагласи дека привременото запирање на сообраќајните контроли не претставува промена на имиграциската политика на САД, туку исклучиво краткорочна мерка насочена кон дополнителна проверка на процедурите.
„Ова ќе биде привремена пауза за да се увериме дека агентите на ICE постапуваат безбедно и правилно. Постојат и други начини за приведување лица освен нивно запирање во возила“, изјавил Хоман.
Само шест дена претходно, агент на ICE во Хјустон смртно го застрелал 52-годишниот мексикански државјанин Лоренцо Салгадо Араухо за време на имиграциска операција. И во тој случај, Министерството за внатрешна безбедност потврди дека тој не бил цел на акцијата.
Според верзијата на ICE, Салгадо со своето возило удрил во полициско возило и се обидел да прегази агент, по што службеникот употребил огнено оружје во самоодбрана.
Согласно официјалните правила на ICE, смртоносна сила смее да се употреби само кога постои непосредна опасност од смрт или тешки телесни повреди, а не само за да се спречи бегство на осомничено лице. Двата случаи во моментов се предмет на истрага што ја водат федералните и локалните надлежни институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОК ПО ДВЕ СМРТОНОСНИ ПУКАЊА: ICE итно…
Американската Служба за имиграција и царина (ICE)…
Паузата на полувремето од финалето на Светското…
Паузата помеѓу двете полувремиња од финалниот натпревар…
Вучиќ: Хрватска тајно се обидува да го…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави минатата…
Шпанија вчера само ја продолжи доминацијата над…
Шпанија трета година по ред ја совладува…
Акциите на Волстрит растат по податоците за…
S&P 500 порасна во вторник, предводен од…