Објавено на:

Шолц вели: Нема укинување на санкциите против Русија за диктиран мир

t

ЕУ нема да ги повлече санкциите воведени кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, доколку Москва и Киев потпишат мировен договор под руски услови, нагласи германскиот канцелар Олаф Шолц.

Дел од новата реалност е дека и ЕУ се консолидираше. Таа реагираше прилично едногласно на руската агресија и воведе досега невидени остри казнени мерки. Од самиот почеток знаевме дека веројатно ќе треба да ги применуваме овие санкции долго време, наведе Шолц во својата статија за германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Според него, „ниту една од овие санкции нема да биде повлечена во случај на мир по диктат на Русија“.

За Русија нема друг начин да постигне договор со Украина освен оној што би бил прифатлив за Киев.

Германскиот канцелар тврди и дека ЕУ ќе и помага на Украина се додека и е потребна поддршка: економска, хуманитарна, финансиска и преку испорака на оружје. Тој даде гаранции дека НАТО нема да стане завојувана страна во тој конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…