Шолц е загрижен за успехот на крајната десница на регионалните избори

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарече „горчливи“ резултатите од двата регионални избори на кои забележа голема победа екстремната десница АфД и загубите за неговата коалиција и ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти“.

На изборите изминатиот викенд во Тирингија, Алтернатива за Германија (АфД) стана првата екстремно десничарска партија која победи на регионалните парламентарни избори во Германија по Втората светска војна.

Партиите досега одбиваа да соработуваат со АфД за формирање мнозинство

На една година пред националните избори во Германија, резултатите од вчера ја казнија коалицијата на Шолц.

Сите три владејачки партии загубија гласови, а само неговата СПД го премина прагот од 5 отсто потребен за да остане во парламентите на двете сојузни држави.

„Резултатите од изборите во недела се горчливи – и за нас“, рече Шолц. Но, тој истакна дека пострашните предвидувања, дека СПД може да го нема во државниот парламент за првпат, не се оствариле.

Тој објасни дека зборувал како претставник на неговите централно-левичарски Социјалдемократи (СПД). „Нашата земја не може и не смее да се навикне на ова. АфД и штети на Германија. Ја ослабува економијата, го дели општеството и го уништува угледот на нашата земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…