Шолц: Западен Балкан може да му верува на Германија
Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивната евроинтегација, соопшти во петокот германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Овие шест земји: Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово можат да му веруваат на Германија“, изјави Шолц пред новинарите во Брисел за време на Самитот.
Во врска со испораката на гас од Русија за Европа, Шолц повика дискусија за таа „тешка ситуација“, наведувајќи дека посебно внимание мора да се посвети на заеднички одговор на економските предизвици со кои се соочува ЕУ.
„Мора да ја развиеме нашата инфраструктура за да можеме да увезуваме гас од други земји“, додаде Шолц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…