Шолц: Неприфатливо е Русија да ги диктира условите за мировен договор
Германскиот канцелар Олаф Шолц во Киев повтори дека би било неприфатливо Русија да и ги диктира на Украина условите за мировен договор, од кој двете земји, како што рече, се далеку.
„Русија мора да го знае тоа“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и украинскиот лидер Володимир Зеленски, пренесува ТАС.
Како што рече германскиот канцелар, само Украина, нејзиниот претседател, парламентот и народот можат да ја дефинираат рамката на мировниот договор со Русија.
Тој оцени и дека Москва и Киев се „сè уште многу далеку“ од таков договор.
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа претходно денеска со воз во Киев, на заедничко патување кое треба да ја нагласи нивната поддршка за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…