Шолц: Не можам да замислам Нетанјаху да биде уапсен во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не може да замисли извршување на налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на негова можна посета на Германија, јави ДПА.
Нетанјаху денеска пристигна во Будимпешта, што е негова прва посета на Европа откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на израелскиот лидер поради акциите на неговата земја во Појасот Газа. Унгарија денеска соопшти дека планира да се повлече од МКС.
– Не можам да замислам тој да биде уапсен во Германија, рече Шолц на заедничката прес-конференција со јорданскиот крал Абдула Втори во Берлин.
Канцеларот додаде дека германската влада јасно го кажала својот став по прашањето за притворање на Нетанјаху.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно денеска ги критикуваше постапките на Унгарија. Таа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел рече дека денеска е „многу лош ден за меѓународното кривично право“.
– Во Европа никој не е над законот и тоа важи за сите области на правото, додаде Бербок. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…