Шолц одбил целосно да ја национализира Гаспром Германија ЗА ДА НЕ ГО НАЛУТИ ПУТИН?
Германскиот министер за економија Роберт Хабек се залагаше за целосна национализација на поранешната германска филијала на Гаспром, Гаспром Германија Гмбх, но канцеларот Олаф Шолц ја отфрли идејата бидејќи беше загрижен за можната реакција на рускиот претседател Владимир Путин, објави Блумберг, цитирајќи добро информирани извори.
Според извори на агенцијата, кои сакале да останат анонимни, канцеларот била загрижен дека одлуката за национализација може да го налути Путин и да доведе до влошување на ситуацијата во однос на извозот на руски гас.
Претходно, ПР-службата на кабинетот на министерот соопшти дека германската влада го продолжила управувањето со „Гаспром Германија Гмбх“ и и обезбедила заем на компанијата за да спречи банкрот.
„Гаспром“ престана да управува со „Гаспром Германија“ на крајот на март, откако медиумите објавија дека претставници на Европската унија ги пребарале канцелариите на одделенијата во Германија како дел од истрагата за улогата на компанијата во поскапувањето на гасот во Европа.
Веќе на 4 април, германските власти воспоставија привремена управа над компанијата „Гаспром Германија“, а во мај компанијата се најде на листата на реципрочни санкции, кои ги воведе руската влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…