Шоу: Власта и опозицијата во Собрание се кладеа дали ќе има избори
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо, по што потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега.
Законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски по што се врати на местото каде седи.
Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите, праша Мисовски.
Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“.
Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието:
Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…