Шојгу бара повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанок, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од натамошно зголемување на набавката на оружје и воена опрема, пренесуваат руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР не демантира дека тендерот за возачки…
Демантот на Министерството за внатрешни работи не…
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…