Шојгу за прв пат излезе во јавност по бунтот на „Вагнер“ и објави воен успех
Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, за прв пат се појави во јавност по бунтот на „Вагнер“ и во неговите први коментари изјави дека минатомесечната „епизода“ на платеничката група не влијаела на „специјалната воена операција“ на Русија во Украина.
Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, бараше разрешување на министерот. Шојгу рече дека плановите за дестабилизација на Русија пропаднале поради лојалноста на војниците.
Украина призна тешка недела во контраофанзивата, а рускиот министер за одбрана тврди дека неговите сили уништиле речиси 1.000 парчиња украинска воена опрема во областите каде се спроведува контраофанзива за враќање на окупираната територија. Шојгу рече дека 15 авиони, 3 хеликоптери и 920 оклопни возила, вклучувајќи 16 тенкови Леопард, се уништени во регионите Јужно-Доњецк, Запорожје и Доњецк, пренесува руската државна медиумска куќа РИА.
Шојгу додаде дека од 4 јуни, украинските војници изгубиле околу 2.500 парчиња оружје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека украинските сили напредуваат во нивната контраофанзива за враќање на териториите окупирани од Русија, но додаде дека изминатата недела била „тешка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…