Шојгу: Русија нема да преговара со Киев додека не ги протера терористите од областа Курск
Секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија нема да води никакви преговори со Киев додека не ги „избрка украинските терористи од Курската област“.
„Не сме воделе никакви преговори со терористите, не водиме и нема да водиме додека не ги протераме од нашата територија. Желбата да се изврши нуклеарен терор против нуклеарната централа Курск не е ништо друго туку највисоко ниво на тероризам“, изјави Шојгу за домашните медиуми.
Според него, „украинските терористи“ сакале да ја заземат нуклеарната централа Курск.
„За среќа, не успеаја“, забележа Шојгу, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…
Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…
ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…
СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…
Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…
Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…
Мицкоски во работна посета на германската покраина…
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…